Со песна во модерен стил Сања Димова влегува на музичката сцена

За неа допрва уште многу ќе се слуша. Младата Сања Димова која потекнува од музичко семејство добро познато на јавноста, започнува да ја гради нејзината музичка кариера. Првенчето “Знам да кажам Не” е само почеток на сето она што ќе следува во иднина.

Сања Димова важи за релативно млада и доста талентирана пејачка. За оние кои што не знаат таа е ќерка на познатото музичко дуо, Билјана и Борис Димови. Таа пред само неколку недели го објави нејзиното првенче, односно прва авторска песна која што ја претстави заедно со спот. Песната е насловена “Знам да кажам Не”, а како што вели Сања во интервјуто за ИН ТВ до овој момент е презадоволна од коментарите на оние кои досега ја слушнале нејзината песна.

-Супер, задоволна сум, како за прва песна добро тргна и се надевам дека им се допадна на сите оние кои досега ја слушнале. Музиката и текстот за песната Знам да кажам Не се на Димитар Симонов и Зоки Зоц, ги поздравувам, аранжман на Дејан Стојановиќ од Либеро бенд и Алекс Тасевски се погрижи за видеото.-истакна Димова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Сања за време на карантинскиот период имаше можност да запее на концертот во живо кој што го организираше фолк дивата Сузана Гавазова во нејзиниот дом, а каде што учествуваше и нејзината мајка Билјана.

-Сосема беше случајно. Јас бев како гостин, да ја слушам и да ја гледам со задоволство, но се случи да бидам и дел од лајв шоуто и поминавме супер. Посакувам уште такви концерти да прави со вас ИН ТВ.-додава Сања во неодамнешното интервју.

Инаку, младата пејачка е дел од новиот музички проект на Живе Мешуревски, каде што отпеа два одлични македонски дуети. Покрај соработката за проектот, Сања и Живе најавуваат заедничка авторска песна за следниот период.

Во продолжение слушнете ја “Знам да кажам Не” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*