Две години од смртта на Оливер Драгојевиќ

Славниот музичар Оливер Драгојевиќ почина пред две години на 29 јули, а на датумот кога не напушти, во Велој Луци ќе биде одржан голем концерт во негова чест.

На овој музички настан ќе пеат: Нина Бадриќ, Петар Грашо, пратечките вокали на Оливер, Петар Драгојевиќ и многу други.

– Ќе биде убаво. Јас сум личност која може одлично да се контролира. Можам се да истрпам. Некогаш не можам, но тоа е кога никој не ме гледа. Постојано нешто ме потсетува на него и свесна сум дека ќе биде така до крајот на животот. Нему само музиката му беше важна – рекла Весна Драгоевиќ, сопругата на Оливер Драгојевиќ за „24сата.хр“.

Весна и Оливер се запознале на 13 мај, 1973 година, се венчале една година подоцна, на пролет.

– Оттогаш не се промени. Беше толку едноставен, па тој откако го набави својот прв мобилен телефон, му остана истиот број. Бројот можеше да се најде во именик. Ретко го бараа од почит кон него, но и мислеа дека има некој таен број – рекла Весна.

Оливер е роден во Сплит, 1947 година и бил петто дето на Мате и Кате Драгојевиќ. Името го добил по Оливер Твист.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*