Јелена Костов преживува пекол поради коронавирусот

Познатата фолк пејачка Јелена Костов веќе еден месец ја води својата битка со злобниот коронавирус, а откако повторениот тест покажа дека вирусот сè уште постои во организмот, таа со нетрпение го чека моментот кога тестот ќе биде негативен.

Како што вели за Пинк, пејачката се чувствува слабо, а исто така истакнува што е многу важно за неа во овој момент.

-Добро сум, фала Богу. Јас само чекам на тој негативен тест. Од ден на ден се подобрувам, сè уште сум слаба и брзо се заморувам. Сигурна сум дека во моментот кога ќе добијам негативен тест ќе бидам одлично, затоа што во овие моменти психолошкиот момент е многу важен, да знаете дека веќе нема вирус во вашето тело, особено ако тој трае онолку колку што е во мојот случај,  рече Јелена Костов за Пинк.рс.

За потсетување, по три дена болка во коските, треска и сува кашлица, Јелена за прв пат дозна дека е заразена со коронавирусот. Иако се придржуваше кон сите пропишани мерки, злобниот вирус не ја заобиколи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*