Емина Јаховиќ имаше премиера на новите усни

Популарната пејачка Емина Јаховиќ на својот инстаграм-профил објави селфи-фотографија со која предизвика дебата меѓу своите следбеници.

Имено, добар дел од нив се запрашаа дали поп-пејачката повторно ги зголемила своите усни, но има и такви што застанаа во нејзина „одбрана“, тврдеќи дека се’ на нивниот идол е природно и дело на мајката-природа…

Добро, ние не би рекле дека е баш така, земајќи предвид дека и самата Емина призна дека го оперирала носот, ги зголемила градите, а има направено и уште неколку естетски интервенции на лицето, но по повод новите усни – се’ уште се нема огласено, па дали навистина ги „засилила“ или ѝ отекле од прекумерната работа, земајќи предвид дека и самата напиша дека е работохолик – проценете сами.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*