Горан од “Тандеми” проговори за моменталната лоша состојба на македонските музичари

Горан од “Тандеми” проговори за моменталната лоша состојба на македонските музичари. Тој се надева дека во најскоро време ќе започнат и музичарите да работат и нормално да функционираат.

Горан Станишев, вокал на една од најпознатите групи во земјава “Тандеми” во интервју за ИН ТВ проговори околу моменталната состојба во која се наоѓаат македонските музичари поради пандемијата од коронавирусот кој сеуште владее меѓу нас.

-Музичката естрада е најпогодена, бидејќи сите други кои работат друго нешто веќе си работат. Музиката не функционира моментално ништо, некои ќе речат ете работевте, заработувавте и ред други работи. Но, ќе кажам дека луѓето не треба да гледаат на тоа така бидејќи музиката е дарба од Господ и не се баш лесни пари заработени, музиката треба да ја работиш со срце и душа и голема одговорност е да направиш веселба кога станува збор за поголема публика. Не е баш лесно да свириш бидејќи се случува да си настинат, не ти е добро, не си расположен, а треба цело време да си расположен. Никој не те прашува како ти е тебе, но на свирење и да не ти е добро мора да пееш.-

Како што вели тој за Естрада плус, нивните ангажмани на семејните прослави, најчесто свадбите, требало да започнат во месец март, но за жал сите настапи кои ги имале и тоа во голем број биле приморани да ги откажат или пак, да ги одложат за следната година.

-Мене навистина ми е жал, ние претежно свириме семејни прослави, свадби, така да веќе доста се откажаа. Ние требаше веќе од март да стартуваме, си бевме зафатени. Некои ги префрлија свадбите за следната година, но некои не беа во можност да ги преместат поради различни причини. Е сега тука беше и капарот, ние им дадовме отворена опција, да ги искористат за прослава на мекици, крштевка, ние им стоиме на располагање.-

Група Тандеми важат за едни од најбараните музичари не само во нашата земја, туку и надвор од неа. Тие во месец февруари одбележаа јубилеј од 20 години постоење на македонската естрада. За периодот кој следи најавуваат бројни изненадувања за нивните верни фанови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*