(ВИДЕО) ”Ќе те сакам секогаш” : Христијан Стојоски објави нова песна

Младиот и талентиран пејач Христијан Стојоски ја промовираше неговата авторска песна насловена Ќе те сакам секогаш“. Песната одлучи да ја претстави во студиото на ИН – продукција. 

Младиот пејач Христијан Стојоски деновиве во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова авторска песна насловена ”Ќе те сакам секогаш ”. Како што вели Христијан во интервјуто за ИН ТВ и оваа песна е посветена на неговата голема љубов исто како и претходните неколку композиции.

-Песната беше напишана, но можеби околу 6 -7 месеци  се одложуваше поради коронавирусот,  па ете се вклопија работите, а секако и времето и решивме да влеземе во студио. Одлучивме да бидеме продуктивни и вредни, ја снимивме, обработивме и решив да дојдам кај вас во студиото на ИН Продукција и да ја промовирам пред вашите гледачи и јавноста. Текстот, аранжманот и музиката се мои, односно јас сум комплетен автор на песната.-истакна Стојоски.

Христијан за Естрада плус изјави дека оваа песна му е многу драга и поради тоа тој сака во следниот период за неа да сними и видео запис .

-Песната ”Ќе те сакам секогаш ” ја подготвуваме околу два месеци. Би сакал да кажам дека планирам да снимам и спот за неа, доколку не е спот ќе биде видео запис за брзо време, но да не кажувам предвреме би требало за околу два месеци да биде и тоа. Оваа песна е во помодерен стил, поп- фолк, така помодерно за помладата популација. Се надевам дека ќе им се допадне на гледачите, па ете ќе оставиме тие да кажат повеќе. Во снимањето на видеото за песната беа вклучени Дејан Стојаноски и Гоце Стојоски на клавијатури голем поздрав до нив, им Благодарам за тоа што денеска беа со мене ме придружуваа, а тие и понатака ќе бидат со мене.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Тој во интервјуто открива дека во периодот кој следи ќе објави уште две нови авторски песни. Иако е релативно млад Христијан зад себе има голем број на негови авторски песни, а тоа е подлога за издавање на неговиот прв солистички албум кој што ќе излезе во најскоро време.

Во продолжение слушнете ја ”Ќе те сакам секогаш” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*