“Happy End Band” ја претставија нивната “Ивана”

Момците од “Happy End Band” ја промовираа нивната најнова песна “Ивана” заедно со спот. Како што вели Игор вокал на бендот, во интервју за ИН ТВ, песната и спотот засега се одлично прифатени од јавноста.

“Ивана” е насловот на новата песна од добро познатите “Happy End Band”. Станува збор за доста интересно летно хитче кое што деновиве го претставија пред јавноста заедно со спот.

Текстот за оваа песна го напиша Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се дело на Ташко Грујовски.

-Вие сте прва телевизија каде што ја промовираме песната и фала ви за тоа. Песната излезе пред 24 часа, нема повеќе од еден ден и сега засега сме многу задоволни од позитивните коментари кои што ги гледаме, шерувањата на видеото и сл.-истакна Игор Петковски, вокал на бендот.

Со оглед на тоа што песната е претставена пред само два три денови, а има доста споделувања на видеото, како и бројни позитивни коментари, Игор во интервјуто за ИН ТВ вели дека и тој и неговите колеги од бендот се презадоволни од тоа колку досега е прифатена нивната “Ивана”.

-Снимањето на спотот помина во прекрасна и опуштена атмосфера, денот за среќа не беше пеколен иако сето ова се случуваше многу брзо. Го снимивме пред две недели, се монтираше за многу кратко. Денот за промоција брзо го одредивме и така спонтано излезе се. Во снимањето на спотот беа приклучени доста луѓе, наши пријатели и колеги, а видеото го изработи Владислав Гавриловски. Презадоволни сме, а гледаме дека и луѓето кои ги споделуваат песната и спотот се навистина задоволни.-вели Игор за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, “Happy End Band” на македонската естрада опстојуваат веќе осум години и се познати на јавноста по бројните настапи, најчесто низ Скопскиот регион. Тие зад себе имаат три авторски песни “Кога би била моја”,”Лажев” и “Ивана”, но и неколку големи музички проекти. За следниот период веќе подготвуваат нова авторска песна и уште еден проект со кавери на познати странски хитови.

Во продолжение погледнете го спотот и слушнете ја “Ивана” !!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*