Илда Шаулиќ го загуби своето бебе

Пејачката Илда Саулиќ го загуби своето бебе, пишува магазинот Глорија.

Таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ беа среќни поради доѓањето на приновата, но за жал, ја претрпеа оваа голема загуба.

Пејачката беше позитивна на коронавирусот за време на бременоста, а таа информација ја сподели со јавноста во ист ден кога и ја кажа убавата вест односно дека очекуваат принова.

Брачниот пар веќе има тригодишна ќерка Ема, а Илда дознала за бременоста на 15 јуни, на роденденот на нејзиниот брат Михајло.

Илда беше во самоизолација поради коронавирусот но според нејзината објава на Инстаграм немаше потреба за загрижување бидејќи таа не чувствувала никакви симптоми и ги преземала сите потребни мерки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*