Дејвид Гета издаде четири нови песни

Дејвид Гета и Мортен издадоа ЕП наречен  „New Rave“ и претставија сосема поинаков звук од оној на кој што сме навикнати да  го слушаме Гета во последните години.

Тие истакнаа дека целта им е да ја сменат електронската  денс-музика и тоа засекогаш.

Првата нивна соработка беше на ремиксот на песната „Heaven“ од Авичи, и овој  ЕП е доказ дека можат да ги надминат нивните рамки и да ги претворат во нов, иден рејв звук, пишува edm.

– Имаме четири навистина силни песни , изјави Гета за EDM и додаде дека овие песни можат да се репродуцираат во форма B2B и целосно да го срушат  танцувачкиот подиум. Тие веќе инспирираа некои диџеи и продуценти.

Гета и Мортен се сметаат за пионери на овој жанр и ја потенцираат нивната доминација во новиот стандард.

– Ние сме тие што го измисливме овој звук, нема сомнение за тоа. Немаше таков звук пред  ние да започнеме да го создаваме. За мене, ова е најдобрата музика што сум ја чул досега, рече Мортен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*