СЛУШНЕТЕ ЈА “ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ” ВО ИЗВЕДБА НА ДАВИД МИЛАДИНОВ

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од Давид Миладинов за песната “Послушајте Патриоти”?!

Оперскиот пејач Давид Миладинов го промовираше спотот за неговата најнова преработка на песната “Послушајте Патриоти”. Видеото се снимаше на доста убави локации во стариот дел на градот Охрид, но и во околината, поточно во атарот на селото Куратица. Спотот го изработи ИН Продукција, а истиот беше премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија.

-Сметам дека македонското треба да се разбуди малку кај нас. Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна, имаме доста убава музика. Треба да правиме нови песни, доста гледам на социјалните мрежи препејувани песни од соседството или странски песни затоа ние најпрво треба да гледаме нашите песни да ги промовираме. “Послушајте Патриоти” ќе биде во нов израз, односно со модерен аранжман и повторно во моја изведба, ќе биде во стил како претходната “Кога падна на Пирина”.-истакна Миладинов во неодамнешното интерјву за ИН ТВ.

А неговата моќна изведба на оваа емотивна патриотска песна, нема да остави никого рамнодушен.

Деновиве се очекува да биде промовиран уште еден негов спот, за оперска композиција на италијански јазик.

Во продолжение погледнете го видеото !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*