МУЗИЧАРИТЕ ОД ОХРИД И СТРУГА ПРЕКУ МИРЕН ПРОТЕСТ ПОБАРАА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА НАСТАПИ ВО ЛОКАЛИ

Мирен простест на членовите на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“.

Тие испратија барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да пронајдат начин музичарите да ја работат својата работа, како и останатите дејности.

Игор Бежаноски, претседател на Здружението, истакна дека бараат музичарите да бидат вклопени во системот на работа во вонредна здравствена состојба.

Да се изменат членовите во Законот со кој се забранува организирање на жива музика во угостителските објекти. Сигурни сме дека со донесените протоколи за работа на угоститеските објекти веќе се обезбедени услови кои нудат од здрaвствен аспект безбедна средина за гостите и за персоналот и со минимални дополнувања и музичарите би се вклопиле во оваа средина без никаков здравствен ризик по сопственото здравје и околината“, вели Бежаноски.

Златко Јолакоски член на Охридската група Чардак се занимава со музика повеќе од 26 години и вели дека поентата не е враќање на музиката само на свадби и домашни веселби.

-Нас посебен протокол не ни е потребен. Протоколот е донесен за работа на угостителските објекти. Бараме дозвола за настапи , за она што најдобро умееме да го работиме и да не згасне културниот живот во цела Македонија, рече Јолакоски.

Барем колку -толку да сме присутни. Охрид не познава ваква сезона со малку гости и без жива музика која е одлика на на нашиот град. Повеќе од 15 ресторани работат со жива музика. Да не ги заборавиме и кафулињата и пабовите кои работат со жива музика , а при тоа се запазуваат протоколите со држење на растојание, па наместо радио ние да свириме со запазување на протоколите за работа на рестораните и пабовите“.

Претставникот од Асоцијацијата „Музика сега“, Трајко Симоноски, посочи дека музичарите ќе мора да се адаптираат и организираат во новонастанатата ситуација.

„Ќе мора да станеме сериозни. Во изминативе години на многу од нас ни одговараше да бидеме сива зона, но денес тоа ни се враќа по глава. Наскоро се надевам дека сите ќе се окрупниме и ќе бидеме силни за да си го вратиме достоинството на ова прекрасна професија која ја имаме“.

Венко Пашоски, координатор на Охридски музички еснаф од Охрид и Струга, тврди дека мирниот протест е единствено инициран од забраната за организирање на музички настани , живи свирки во рестораните и кафулињата и во угостиетските објекти.

„Напоменувам дека овој мирен протест нема политичка позадина или има врска со било каква политичка партија. Има само едно барање нема место за пазар“.

Мирниот протест на Задружението на музичари -Охридски музички еснаф доби поддршка и од колегите од Естрада на Македонија и Асоцијацијата „Музика сега“. Од Естрада Македонија, претставникот Боби Мојсоски, напомена доколку нивното барање не допре до надлежните ќе следува нов протест на музичарите во Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*