Мирослав Мирчески ја однесе победата на “Најдобриот на листата”

Вторниот добитник на паричната награда која ја доделува Сателитската Австралиска ИН ТВ е Мирослав Мирчески. “Наградата е поттик за уште поинтензивна работа во иднина.”-вели Мирослав во интервјуто.

Мирослав Мирчески, младиот македонски пејач кој што ја негува исклучиво македонската народна песна е вториот победник на Најдобриот на листата. Тој воедно станува добитник на 400 австралиски долари од Австралиската ИН Телевизија, која одлучи во овие тешки моменти со мал гест да им помогне на своите музички соработници.

Иако не очекуваше дека токму тој ќе биде победник во оваа емисија, Мирослав не го криеше задоволството и во интервју за ИН ТВ ги раскажа неговите импресии.

-Пред се, морам да кажам СЕКОЈА ЧЕСТ и голема Благодарност до екипата на ИН ТВ која дојде до оваа идеја која е одлична во овие моменти и како реклама и како помош сега кога музичарите немаат ни трошка работа со оваа ситуација и заедничкиот непријател. И како што кажав голема е честа да се соработува со нив, бидејќи со соработката со нив се добиваат само успеси, а ништо не се губи.

Кога сме околу тоа дали очекував, реално не очекував дека ќе освојам награда бидејќи на листата имаше и доста познати музички имиња. Меѓутоа кога се објавија предлозите и кога го видов моето име искрено не очекував таков резултат, но како што поминуваа деновите гледав дека гласовите растат, видов дека имам целосна поддршка од публиката и на крајот дојдов до убедлива победа која за мене претставува огромно задоволство. Во мене се влеа една позитивна енергија и добив уште поголема волја за понатамошна работа и соработка со прекрасната екипа на ИН ТВ.-истакна Мирчески.

Мирослав за естрадниот магазин Естрада плус открива во што ќе ја вложи паричната добивка, која важи како голем поттик за понатаму во неговата музичка кариера.

-Во истиот момент кога видов дека водам, не ми се веруваше, меѓутоа прва работа која што ми дојде на памет за таа помош е да ја искористам за надоградување на мојата кариера со нов музички производ заедно со видео запис и секако со екипата на ИН Продукција.-додава тој во интервјуто.

Мирослав во “Најдобриот на листата” се натпреваруваше со песната “Сегде си одел синко”, за која што неодамна сними спот кој е во соработка со ИН Продукција.

Неговите планови за следниот период се навистина големи. Тој најавува уште неколку нови песни кои ќе бидат вистинско изненадување за неговите фанови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*