МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ ПОВИКАА НА СПАСУВАЊЕ НА БРИТАНСКАТА СЦЕНА

Група од 1.500 уметници и јавни личности испратија отворено писмо до британскиот министер за култура Оливер Дауден, барајќи од владата итно да реагира. Меѓу потписниците се наоѓаат и Дуа Липа, Ерик Клептон, Род Стјуарт, Лиам Галагер и групата Iron Maiden.

Многу музичари претходно планирале да настапат на фестивали или да имаат соло концерти, но тие културни настани биле откажани заради епидемијата на коронавирус во Велика Британија, каде од Ковид-19 починале скоро 44.000 луѓе.

„Британската сцена е една од најголемите и најуспешни на земјата во социјална, културна и економска смисла во последните десет години“, велат потписниците, додавајќи дека стотици илјади луѓе заработуваат пари од организирање концерти и фестивали.

Во писмото се повикува на финансиска поддршка на компании кои организираат фестивали и концерти, а според неодамна објавеното истражување, музичкиот сектор има околу 210.000 работни места.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*