Саша Ковачевиќ се почести со автомобил од 200 000 евра

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ има дарба за бизнис, а неговите настапи се добро посетени, така што немаше зима за него ниту во последните месеци.

За еден настап Саша наплаќа повеќе од десет илјади евра, а кога ќе земете предвид за другите работни приходи, угостителството и неговото музичко студио, му носат дополнителни приливи на пари. Па така, не е изненадувачки што тој често купува ексклузивни и скапи работи.

Така беше и овој пат. Поп-пејачот купи автомобил, а станува збор за „Порше Панамера“, чија вредност е најмалку 150.000 евра, а ако е специјално издание, може да чини и до 200.000!

Се разбира, овој автомобил има најдобри перформанси и кожни седишта. Вратите одвнатре, како и седиштата, се тапацирани во црвена кожа, а прозорците се полу-затемнети.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*