НИКОЛА ЗАЦЕСКИ ГИ ПОЧЕСТИ ФАНОВИТЕ СО МАКЕДОНСКА ОПЕРА

Голем амбасадор на македонската песна ширум светот е Никола Зацески, пејач кој што поседува одличен вокал. Тој во моментов се наоѓа во Мелбурн, Австралија каде што работи како кореограф на Македонско-Австралискиот Ансамбл “Тоше”. 

На 29-ти јуни Никола во кругот на најблиските го прослави 28-тиот роденден, а по повод истиот тој одлучи да ги почести неговите фанови со прекрасна изведба на Оперската композиција “Вардаре” во соработка со неговата колешка и долгогодишна пријателка Маја Божиновска која го придружува на пијано.

Како што вели Зацески за естрадниот магазин Естрада плус идејата за оваа интересна композиција која што тој ја носи на доста моќен начин е поттикната од Меѓународен натпревар во Македонија на кој што и тој зеде учество со неколку песни во различен стил.

-Сакам од се срце да се заблагодарам до сите мои роднини, пријатели и фанови за искрените честитки, а исто така во оваа прилика специјално за мојот роденден сакам да ве почестам со една преубава Македонска оперска композиција со наслов “Вардаре” од Трајко Прокопиев. Инспирацијата за изработка на оваа оперска композиција е поттикната од можноста за аплицирање на Меѓународен Натпревар во Македонија. Кога станува збор за изведба на Опера во вакви услови е навистина тешко, но од тука долгорочната соработка со Маја Божиновска не претставуваше никаков проблем.-изјави Зацески.

Тој ексклузивно за гледачите на ИН ТВ открива дека периодов ја подготвува неговата прва песна која што е во рацете на добропознатиот музичар Николче Мицевски, што значи дека сме во исчекување на голем македонски хит.

-Со гледачите на сателитската ИН Телевизија би сакал да споделам и една многу значајна вест за мене. Сакам да ве известам дека во моментов заедно со Николче Мицевски работиме на мојата прва Соло Песна која што ќе биде најава за целосниот Албум кој би бил во Поп и Евергрин стил. Голем поздрав до вашите гледачи и засега нека уживаат во оваа моја изведба на “Вардаре”, композиција за која што со Маја вложивме доста труд за да ја претставиме во најдобро светло.-вели Никола за Естрада плус.

Мора да напоменеме дека Никола е активен учесник и поддржувач на хуманитарни концерти во Македонија и странство. За крајот на месец јули најавува уште еден голем хуманитарен концерт во живо, кој поради моменталните услови и паднемијата од коронавирусот ќе биде онлајн, но повеќе детали околу тоа ќе ви пренесеме од целосното интервју со него кое што ќе биде директно од Мелбурн, Австралија.

Во продолжение слушнете ја моќната изведба на Никола Зацески за “Вардаре” !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*