Мирослав Мирчески : Моите родители се моја најголема поддршка

Мирослав Мирчески во интервју за ИН ТВ изјави дека неговите родители се негова најголема поддршка. Талентот за пеење е наследен од неговата мајка Марјана.

Мирослав Мирчески важи за доста млад, но и доста баран пејач на македонската сцена. Тој во интервју за ИН ТВ истакна дека негова најголема поддршка во животот се неговите родители.

Како што ве информиравме и претходно преку естрадниот магазин Естрада плус, талентот за пеење Мирослав го наследил од неговата мајка Марјана. Иако таа имала голема желба да се оствари како пејачка, но поради некои околности таа решила да се запише на медицина и денес е медицинско лице.

Еве што изјави Мирослав во интервјуто.

-Сакам да кажам дека мојата мајка подобро пее од мене и затоа не ја носам со мене на свирки. Таа порано имала желба да стане пејачка, но сепак околностите биле такви што таа запловила во други води кон медицината конкретно. Моите родители се мојата најголема поддршка во животот, Им Благодарам Нив и секако на сите мои поддржувачи.-вели Мирчески за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, најново кај Мирослав е спотот за песната “Сегде си одел синко”, песна која што потекнува од Пиринскиот дел на Македонија. Спотот кој што се снимаше кај манастирот Св. Недела во Оровник го изработи ИН Продукција.

Мирослав тука не запира. За следниот период најавува нови песни и комплетирање на албум.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*