Јелена Розга проговори за љубовта

Шармантната пејачка продолжува да ja интригира  јавноста со одговорите за нејзиниот приватен живот, но со последната изјава  предизвика сомнеж дека за време на карантин некој го освоил нејзиното срце.

„Срцето  сè уште е мојот водич во животот, дури и кога грешам“, рече Розга. Но, на прашањето дали се појавил некој маж во нејзиниот живот во изминатиот период, таа за ′Стори′ додаде: „Сè во животот доаѓа токму кога тоа ви е потребно и кога најмалку се надевате“.

Но, на шпекулациите им нема крај. Па така медиумите ја поврзуваа со 11 години помлад клавијатурист на групата „Магазин“ и синот на Тончи Хуљиќ, Иван. Потоа таа беше две ипол години во  врска со член на групата „2Cellos“ Стјепан Хаусер, а  во меѓувреме се верија. Иако многумина го предвидуваа нејзиниот брак, тоа не се случи. А, пред некое време одекна веста дека пејачката наводно  има 12 години помладо момче кое е од Белград.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*