СЕКО потекнува од музичка фамилија

Младиот пејач и музичар СЕКО потекнува од музичка фамилија. Тој во неодамнешното интервју за ИН ТВ ни раскажа за неговите почетоци и за љубовта кон музика.

Важи за релативно млад, но доста талентиран музичар. СЕКО кој пред само краток период ја претстави неговата прва песна насловена “Далеку од тебе”, потекнува од музичка фамилија. Тој е син на виртуозот на дувачки инструменти Секо Џипси кој во моментов се наоѓа во Австралија. Неговиот брат свири на саксофон, но и уште неколку други членови во фамилијата важат за искусни музичари.

-Во мојата фамилија сите се добри музичари. Јас започнав од мои 8 години да свирам со мојот татко, брат ми, дедо ми и секогаш си замислував дека еден ден ќе бидам и јас како нив и ми се исполни желбата, па решив да си направам нешто мое, една моја песна со видео запис и така долга е мојата музичка приказна.-истакна Секо, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако неговиот татко, како и неговиот брат свират на саксофон, Секо се претстави на јавноста како пејач и сајзерист. Тој во најраната возраст свирел и на саксофон, но сега најповеќе го влечи пеењето и навистина важи за одличен вокал.

-Јас исто како нив свирев саксофон, но чувствував во себе дека имам некоја голема можност да пеам и да свирам сајзер. Затоа најпрво сакав да пробам и ми успеа.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Во студиото на ИН Продукција Секо изведе две песни во живо заедно со неговиот брат Ферки. Станува збор за познатата македонска песна “Се ми земаш животе”, како и неговата “Далеку од тебе”. Нивната одлична изведба на двете песни, ќе ве воодушеви.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*