Македонски и српски сплетови во новиот проект на Оркестар Фаворити Битола

Битолскиот Оркестар Фаворити за периодот кој следи најавува нов музички проект. Како што открива Димитар Митревски, се подготвува проект со македонски и српски сплетови.

Оркестар Фаворити од Битола се искусни музичари кои секогаш знаат да ги изненадат нивните фанови со нешто ново без разлика дали станува збор за авторски песни или проекти со преработка на познати хитови.

По нивниот одличен настап на Гоце Фест каде што настапија со песната “Македонија на Македонците”, тие најавија неколку нови музички проекти. Тоа го потврди и Димитар Митревски, еден од нивните членови кој неодамна гостуваше во ИН Продукција.

-Подготвувавме проекти со македонски, но и српски песни овојпат одбравме. Проект со сплетови на песни, за првпат така снимаме. Досега беа песна по песна одделно, но чекаме да поминат овие услови за да го реализираме и во најбрз можен рок ќе го реализираме.-открива Димитар.

Инаку, нивните планови се во периодот кој следи да комплетираат албум со песни кои што ќе бидат посветени на Македонија.

-Оваа песна “Македонија на Македонците” е само како почеток. Планираме еден албум да направиме или ќе бидат како склоп од неколку песни заокружени на истиот албум само за Македонија песни. Веќе се подготвуваат песните, но одлучивме оваа да биде како ударна песна па се надевам дека ќе ви се допадне.-истакна Јове, вокалот на Оркестар Фаворити во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*