Дозволени концерти во Македонија, но под маски

На денешната прес конференција, Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заразни болести ги одобрила протоколите за организирање на јавни настани.

-Ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите каде се организираат ќе треба да биде полн 50 отсто, карти да се купуваат само електронски и сите учесници на настанот да носат маски. Здруженијата на организатори и на угостители минатата недела предложија навистина солидни протоколи и за пофалба е што прифатија сами да го контролираат почитувањето на мерките -изјави Филипче.

Водечкиот организатор на концерти во Македонија, Авалон Продукција, соопшти дека подготвуваат низа open-air концерти во август и септември. Повеќе детали најавуваат за следната недела.

До овој момент потврдени се: “Д фестивал” во Дојран од 21 до 23 август и “Ohrid calling” од 31 јули до 3 август.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*