Елена Велевска : Да не дозволиме Македонската Патриотска песна да исчезне

Македонската песна е позната насекаде низ светот, песна која може да ви разбуди разни чувства, тага, среќа, носталгија.

Изминативе денови на програмата на сателитската ИН Телевизија имавте можност премиерно да го погледнете новиот проект на Елена Велевска, проект кој што никого не остави рамнодушен.

Елена и нејзиниот колега Гоце Костоски Пејак ги обработија големите Македонски патриотски песни како што се “Послушајте патриоти”, “Народе Македонски”, “Земјо Македонска”…

Реакциите околу проектот и песните не стивнуваат, видеата се споделуваат, слушаат што е одличен доказ дека Елена и овој пат го направила вистинскиот избор.

Познатата фолк пејачка Велевска ексклузивно за Естрада плус ни изјави :

“Неизмерно сум среќна што им се допадна, овој проект беше наменет, односно ова е мој подарок за Македонците ширум светот. За секој оној кој што се чувствува така. Прифатеноста на публиката ме поттикна да не застанам и да направиме нешто ново. Тешко беше да се направи селекција, има уште многу убави песни кои ќе бидат реализирани во следниот период. Јас како естраден уметник имам обврска и задача да придонесам да не се заборави Македонската песна, тоа го правев и ќе продолжам да го правам и во иднина. А публиката со тоа што слуша, потврдува дека ја сака и почитува македонската песна.”-додава Елена.

И покрај авторска песна, ќе ги обработуваат и песните кои се вечни, а ние се надеваме дека и останатите колеги ќе го следат нејзиниот пример.

Во продолжение уживајте во патриотскиот сплет на Елена Велевска кој е во соработка со ИН Продукција !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*