До крајот на летото ќе биде промовиран албумот на Група Плетенка

Кон крајот на летниот период ќе биде издаден албумот на Група Плетенка. Спире Јовановски во интервју за ИН ТВ вели дека албумот е веќе при крај.

Група Плетенка се одлични музичари кои на јавноста се добропознати по бројните настапи кои што ги имаат на семејни прослави, свадби низ целата земја, а  најмногу во Битолскиот регион. Тие во текот на изминатите месеци го подготвуваа нивниот заеднички албум, а како што вели Спире Јовановски, еден од членовите на Група Плетенка, песните кои ќе се најдат на албумот се веќе при крај. Нивните  очекувања се албумот да биде промовиран кон крајот на летниот период.

-Да, подготвуваме нешто ново. Веќе сме при крај односно го привршуваме нашиот прв албум, меѓутоа и тој албум ќе биде промовиран кон крајот на летото бидејќи со самото ова време и оваа ситуација со коронавирусот се откажаа многубројни настапи и ред други активности. Затоа, таа промоција и песните ќе бидат промовирани на крајот од летото.-вели Јовановски, за естрадниот магазин Естрада плус.

За потсетување, Група Плетенка пред извесен период снимија и видео проект во живо кој се состои од познати свадбарски песни, но и хитови кои се доста барани на нивните настапи.

Покрај македонските песни, тие во проектот вметнаа и две инструментални дела кои се во брз и весел ритам.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*