Додека сите музичари снимаа карантински видеа, Влатко Алексовски работеше на новите песни

Додека македонските музичари се вклучуваа лајв и снимаа карантински видеа, фолкерот Влатко Алексовски го подготвуваше новиот материјал.

Во изминатите неколку месеци и периодот на изолација поради пандемијата од коронавирусот голем број музичари се вклучуваа во живо на социјалните мрежи, објавуваа карантински видеа и слично. Но меѓу нив го немаше фолк пејачот Влатко Алексовски. Во интервјуто за ИН ТВ тој вели дека периодот на изолација го искористил за подготовка на неговиот нов материјал.

-Секоја чест за вашата ИН Продукција бидејќи секогаш ги поддржувате пејачите, така да им дадовте одличен медиумски простор да ги презентираат во живо своите песни и останатите антологиски песни нормално да ги олеснат минутите на граѓаните кои ги поминуваат во карантин бидејќи музиката го олеснува и го прави поубав животот. Мене ме немаше затоа што цело време бев ангажиран во студио со музичари со продукција и работев на новите песни. Еве сега после завршувањето на карантинот ќе ме има малку повеќе, така да, она што апстинирав сега ќе го надокнадам.-открива Алексовски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако е познат како изведувач на народна музика, Влатко овој пат ќе ја изненади јавноста со песна во забавен стил и секако, љубовна тематика.

Тој открива дека една од песните ќе биде како “Влатко Алексовски и Скопски боеми”, бидејќи ќе има и соработка со познатиот музичар Цане Петров.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*