(ВИДЕО) Давид Миладинов ја освои Италија со неговиот моќен глас

Давид Миладинов важи за голем амбасадор на Македонија ширум Европа. Во силна конкуренција на натпревар во Италија во 2017-та година, Давид се закити со првата награда што е голем успех не само за него, туку и за нашата земја која има вакви големи таленти.

Македонскиот оперски пејач Давид Миладинов има учествувано на бројни натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, а на повеќето од нив се закитил со први и втори места. Пред три години на натпреварот во Италија, Давид ја освои првата награда, претставувајќи ја Македонија во најдобро светло.

-Добив покана од организаторите на фестивалот во Италија, Michele Poma и неговата сопруга Tatsiana Poma како прво награден на фестивалот во Латвија/Рига. Истите беа членови на жири комисијата во Рига, како и многу други еминентни имиња во светот. Учествував во категоријата оперско пеење со аријата Nemico della Patria од композиторот Andrea Chenier. Учестуваа околу 380 натпреварувачи во различни категории. Бевме сместени во градот San Benedetto, имавме прекрасна дружба, познанства и секако огромни искуства. Веднаш после генералната проба беше закажана полуфиналната вечер на која што добив максимални бодови од еминентната комисија. На тој начин бев номиниран да настапувам во финалната вечер која што се одржа на калето во градот Montegiorgio. Чувството беше единствено, настанот се одвиваше на отворено, а публиката го наполни просторот до последно место. Беше многу возбудливо и сите бевме во исчекување. Откако ги најавија голем број од наградените нескромно е да кажам дека не очекував награда, но сепак се случи она што секој потајно го посакува. Си го слушнав своето име како прво награден во категоријата на оперско пеење. Моите подржувачи силно го извикуваа името на државата од која што доаѓам. Во тој момент слушав само извици Macedonia Macedonia и навистина бев горд Македонец.-раскажува Миладинов за импресиите од овој натпревар во Италија.

Давид периодов со забрзано темпо работи на новиот материјал. Тој во моментов подготвува неколку нови песни во забавен стил, како и една оперска која што ќе биде на италијански јазик, а носи наслов “Адаџо”.

Оперскиот пејач пред само краток период заедно со спот ја претстави преработката на познатата македонска песна “Кога Падна на Пирина”, која што е одлична прифатена и наиде на доста позитивни коментари од јавноста.

Во продолжение погледнете го извонредниот настап на Давид со кој ја однесе победата на натпреварот во Италија !

МАКЕДОНИЈО,биди горда на својот СИН МАКЕДОНСКИ кој што беспрекорно те претстави!!!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Gepostet von Emilija Saveva Miladinova am Freitag, 23. Juni 2017

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*