Пинк искрена за својот брак: „Да не одев на брачни советувања одамна ќе бев разведена“

Американската актерка Пинк откри како успеале со сопругот Кери Харт да го сочуваат бракот кој трае веќе 14 години.

Имено, Пинк вели дека таа и Кери одамна ќе се развеле ако не оделе на брачни советувања, а тоа им помогнало да ја сочуваат врската и бракот.

Неодамна Пинк на „Инстаграм лајв“ разговараше со брачната терапевт кој им помогна да го сочува бракот.

-Примив многу критики откако им кажав на луѓето дека одам на брачни советувања. Со Ванеса имав прилика да разговарам насамо, но и во друштво на сопругот, а таа единствена причина зошто ние се уште сме во брак, изјави Пинк во текот на „лајвот“.

-Како деца немавме прилика да научиме како да имаме здрав однос  и да се согласуваме со луѓето,  а случувањата во нашата земја се одличен пример за тоа. Не знаеме како меѓусебно да се сакаме и согласуваме. Не знаеме да комуницираме, признава пејачката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*