Мирослав Мирчески раскажува за неговите почетоци во музичките води

Мирослав Мирчески во интервју за ИН Телевизија ја раскажува неговата музичка приказна. Тој открива како запловил во музичките води.

Од мали нозе се дружи со музиката, бидејќи во неговиот дом отсекогаш се пеела македонската песна. Младиот пејач Мирослав Мирчески кој ја негува исклучиво македонската народна музика, во интервју за ИН ТВ раскажува за неговите почетоци во музичките води.

-Искрено, во мојот дом отсекогаш се слушало музика и сите сме љубители на музика без разлика дали станува збор за народна или забавна битно да е македонско. Најпрво започнав како играорец во КУД “Кочо Рацин” со кои одржавме неколку турнеи на Балканот. Потоа, бев член во КУД “Нико Пусоски” и таму ми се појави таа желба за пеење, со нив настапував и на Балканот и пошироко во разни држави како играорец, но и како пејач. Сакам да кажам дека музиката никој не ми ја наметна, таа желба и таа љубов кон музиката сама ми се појави. Моите родители ако биле во сосема друга сфера, немале ни претстава околу ова, тие можеби ме спремале за архитект или друга врста на уметник. Јас како дете свирев хармоника, татко ми купи и гитара за мене со цел да ме направи среќен. Но, сепак сакам да кажам дека никој сосила не ме втурна во музичките води, мојата љубов сама си дојде.-открива Мирчески, за гледачите на ИН Телевизија.

Иако е релативно млад, Мирослав доста стабилно чекори на македонската сцена. Тој зад себе веќе има шест авторски песни, а најнова е преработката на песна од Пиринскиот дел на Македонија која носи наслов “Сегде си одел синко”. Спотот за оваа песна е снимен во прекрасниот Манастирски Комплекс на Св. Недела во Оровник, а го изработија неговите соработници од ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*