(ВИДЕО) “Мелем за срце скршено” е првенчето на Мартин Ангелевски

Мартин Ангелевски во студиото на ИН Продукција ја претстави неговата прва песна која е насловена “Мелем за срце скршено” . Мартин очекува песната да биде слушана и прифатена од јавноста.

“Мелем за срце скршено” е насловот на првата песна од младиот пејач Мартин Ангелевски. Периодот на изолација Мартин го искористи да го подготви неговото првенче заедно со професорот Кирил Стојчевски од Битола.

-Идејата е заедничка со мојот професор Кирил Стојчевски од Битола, музиката и аранжманот се негово дело, текстот е на Валентин Соклевски, а снимена е во студиото ПРОСАУНД кај Славко Ристески во Прилеп.-вели Мартин, за Естрада плус.

Мартин во интервјуто за ИН ТВ вели дека за подготовка на оваа песна им било потребно околу два до три месеци. Неговите очекувања се песната “Мелем за срце скршено” да биде добро прифатена од публиката.

-За да се подготват музиката и аранжманот и заедно со текстот да се склопи се ни беше потребно околу два до три месеци. Се надевам дека публиката ќе ја прифати, дека ќе биде презентирана во најдобро светло и дека ќе се слуша.-додава тој.

Покрај оваа песна, младиот Мартин за следниот период подготвува уште неколку нови песни.

Инаку, тој соработува со голем број музичари и често настапува по локалите и на семејни прослави низ нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*