Флори Манев се враќа на сцената како солист : Најавува спот за “Печалбарски солзи”

Флори Манев ја објави неговата прва авторска песна на македонски јазик е “Печалбарски солзи”, за која што ќе следува и снимање на спот со ИН Продукција.

Флори Манев потекнува од Моноспитово, Струмица, а е роден и пораснат во Штутгард-Германија каде што живее и работи сите овие години.

Неговата музичка приказна започнува уште од мали нозе, поточно од шест годишна возраст кога добил желба за свирење клавир и почнал да оди на часови.

Како што ни открива Флори за естрадниот магазин Естрада плус, уште од неговите 14 години почнал да соработува и со доста голем број музичари од македонската и бугарската естрада. Настапувал по концерти низ цела Европа, но најмногу во Германија.

Тој досега има снимено песни на бугарски и српски јазик, а негова прва песна која што е на македонски јазик е “Печалбарски солзи”.

Текстот за оваа песна го напиша Александар Стеваноски, добро познат на јавноста по неговите бројни соработки со Ѓоко Јовиќ. Аранжманот и музиката се на Флори во соработка со Ѓорѓи Арсов од Делчево, како и познатиот македонски зурлаџија Џељо Дестановски.

-После 10 години пауза, на сцената се враќам како вокалист. Моите планови за следниот период се најпрво да се насочам исклучиво кон македонската музика, се разбира со мои авторски дела и композиции за кои што длабоко верувам дека ќе бидат доста прифатени и слушани од народот.-истакна Флори, за Естрада плус.

Манев во најскоро време планира да сними и спот за песната “Печалбарски солзи”, кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.

PECALBARSKI SOLZI 🎙🎧🎶FLORI MANEV ZA KRATKO VREME NA YOUTUBE I NA DRUGITE SOCIJALNI MREZI😉🎙🎶🎧🎹

Gepostet von Flori Manev EscoBar am Freitag, 29. Mai 2020

Во продолжение уживајте во неговата одлична изведба на песната “Ја излези Ѓурѓо”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*