Мирослав Мирчески сними видео запис за песна од Пиринскиот дел на Македонија

Мирослав Мирчески сними видео запис за преработката на песната “Сегде си одел синко”, која потекнува од Пиринскиот дел на Македонија. Видеото се снимаше во еден од најубавите манастири во Охридско, Св. Недела во Оровник.

Во прекрасниот манастир Св. Недела во село Оровник се сними видео записот на Мирослав Мирчески за неговата најнова преработка. Станува збор за песна од Пиринскиот дел на Македонија со наслов “Сегде си одел синко” за која што аранжманот го направи Златко Миладиноски.

-Песната е преработка, така што акцентот паѓа на Кичевскиот мелос и мислам дека песната го заслужи овој етно видео запис кој што преку мини филм ја претставува целата приказна во песната. Благодарност до фамилијата на Крсте Нелоски и неговите синови кои беа главни иницијатори за да се реализира овој видео запис. Ќе им се заблагодарам и на Цане Ѓорѓиоски од КУД Бисер кој ни помогна за костимографија, сите статисти кои учествуваа во снимањето и секако екипата на ИН Продукција кои важат за доста големи професионалци. Мислам дека кога песната ќе се пушти во етер, ќе стане доста популарна и ќе го најде своето место помеѓу публиката.-истакна Мирослав, за естрадниот магазин Естрада плус.

Видео записот ќе биде премиерно претставен деновиве на сателитската ИН Телевизија.

Иако е релативно млад, тој ја негува исклучиво македонската песна. Мирослав Мирчески во неодамнешно интервју за ИН ТВ изјави дека неговиот правец е македонската изворна песна додавајќи дека и покрај сите влијанија на различни фактори, така ќе биде и во иднина.

Инаку, Мирослав со песната “Македонски гордооди” победи на Гоце Фест, а оваа најголема награда од публиката која е најбитна за еден пејач е отскочна даска за него во музичките води.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*