Ангел Стојкоски најавува дует со Игор Андреевски

Ангел Стојкоски деновиве ја промовираше неговата најнова песна која што е насловена “Брате мој”. Станува збор за песна со печалбарска тематика, за која што беше изработен и спот во соработка со ИН Продукција.

Оваа песна е дело на Златко Миладиноски кој ги направи музиката и аранжманот, додека текстот е на Ангел кој периодот на изолација поради пандемијата со коронавирусот го искористи доста креативно.

-Со оглед на тоа што сум студент на Факултетот за Музичка уметност, времето го искористив пред се за да го спремам мојот дипломски труд, потоа вежбање пеење и еве го искористив за да направам една моја песна и се гордеам со тоа.

Ова беше долг период од три месеци и почетокот беше тежок, а потоа се навикнавме, но мислам дека треба да бидеме разумни за што поскоро да го надминеме ова.-истакна Ангел, за естрадниот магазин Естрада плус.

Изминатиот период, односно периодот на изолација Ангел го искористи да сними и неколку карантински видеа од кои и една соработка со Игор Андреевски. Тие добија доста позитивни коментари за нивната заедничка изведба на песната “Нарочува бело Менде”.

-“У другом животу од Стефан Живојиновиќ, ја снимивме со моите колеги со кои што заедно свириме. Го искористивме ова време и одморот и сакавме малку да ја забавуваме мојата публика и сите кои што ме следат. Сакам да го поздравам мојот колега Игор Андреевски кој е соработник на ИН ТВ, имавме еден дует со него, песната е од Александар Сариевски, Нарочува бело Менде и испадна супер.-додава Стојкоски.

Ангел во интервјуто за ИН ТВ открива дека во периодот кој следи, со Игор ќе ја снимат нивната прва заедничка песна за која што ќе биде снимено и видео.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*