ГОЛ ВЕЉКО ЛЕПИ ПАРИ НА ТРУБАЧИ, СЕ СЛАВИ ЗА ВНУКОТ НА ЦЕЦА-ЖЕЉКО

Денес Вељко Ражнатовиќ стана татко за првпат. Неговата сопруга Богдана се породила во приватна клиника во Белград.

Наследникот веќе го добил името Жељко, по покојниот татко на Вељко, а породувањето поминало во најдобар ред. Вељко присуствувал на породувањето, а Богдана била породена од лекар, кој двапати претходно ја породил Цеца.

Фолк-ѕвездата го добила своето прво внуче, а семејството на Вељко и Богдана се собрале пред болницата пред 11 часот.

Вељко излегол надвор, ги кител трубачите со пари, а тие му ја искинале маицата како што е обичај во Србија кога се раѓа дете.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*