Во најава одлична соработка : Влатко Алексовски и Скопски Боеми со заедничка песна

Деновиве во студиото на ИН Продукција ни гостуваше фолк пејачот Влатко Алексовски, кој ни открива за неговите планови кои ќе ги реализира во следниот период. Влатко подготвува неколку нови песни, меѓу кои и една соработка со Цане Петров и познатите Скопски Боеми.

Интересен спој на одлични музичари. Влатко Алексовски за естрадниот магазин Естрада плус открива дека во новите песни кои што ги најави пред само неколку денови, има и една одлична соработка со неговиот колега Цане Петров. За проектот “Влатко Алексовски и Скопски Боеми” планираат да реализираат и видео запис.

-Четвртата локација сеуште не е одредена бидејќи се работи за песна која што ја работиме заедно со Цане Петров и песната ќе биде како спој на Влатко Алексовски и Скопски Боеми, бидејќи Цане од неодамна е член на познатиот Скопски бенд. Веќе кога се работи тимски нормално дека тимот треба да одбере локација и приказна за видеото.-истакна Алексовски.

Во интервјуто за ИН ТВ, Влатко вели дека идејата за соработка со Цане и Скопски боеми дошла сосема спонтано од обичен разговор со Цане. Да остават нешто заедничко зад себе, што ќе трае со години.

-Со Цане сум долгогодишен другар, пријател и соработник. Неколку песни досега имам работено со него и во неговото студио, сум пеел и негови авторски песни. Така да, во еден неврзан муабет дојдовме до идеја да направиме нешто заедничко што ќе остане. Бидејќи тој моментално е член на Скопски Боеми, тие се бенд со еден ведар дух, шоумени, а тоа го препознавам и го сакам, така да мислам дека одлично ќе се вклопиме како екипа.-изјави тој за Естрада плус.

Влатко додава дека нема да брзаат со овој проект бидејќи сакаат да направат нешто доста добро, односно да се направи квалитетна песна која што ќе има квалитетно видео, па затоа сакаат и темелно да се подготват за тоа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*