Погледнете го новиот спот од Ангел Стојкоски

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од Ангел Стојкоски за песната “Брате мој” ?!

Ангел Стојкоски го промовираше спотот за неговата најнова песна “Брате мој”. Видеото се снимаше на повеќе локации во Струга, а во соработка со ИН Продукција.

-Денес направивме една убава приказна и се надеваме дека испадна добро. Благодарност до сите кои што беа вклучени и помогнаа да се реализира овој проект. Во песната мислам дека ќе се пронајдат многу луѓе, сите оние кои што сакаат да се вратат во Македонија. Печалбарска песна затоа што досега немав таква, ми дојде некоја инспирација да пишувам и се одлучив да направам таква приказна.-истакна Ангел во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, музиката и аранжманот за “Брате мој” се дело на Златко Миладиноски, а текстот го напиша Ангел со помош на неговиот близок пријател Љупчо Милошески.

Спотот беше премиерно прикажан на сателитската ИН Телевизија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*