Влатко Алексовски со низа изненадувања за публиката

Влатко Алексовски подготвува низа изненадувања за неговите фанови и јавноста. Периодот на изолација тој го иксористил максимално работно и најавува четири нови песни.

Фолк пејачот Влатко Алексовски перидов неуморно работи на неговиот нов материјал. Како што открива за естрадниот магазин Естрада плус, веќе неколку месеци ги подготвува новите песни за кои што во периодот кој следи ќе бидат изработени и видео записи.

-После полицискиот час, веднаш започнавме со работа. Имав работен состанок со директорот на ИН Продукција Ване Петкоски. Подготвуваме доста изненадувања за публиката, дојдов во Охрид да се договориме за следните музички чекори бидејќи и мојата музичка работилница е неуморна, во изминатиот период плодно работевме па сето она што сме го сработиле време е да го презентираме пред публиката, а најдобриот  начин е со видео запис.

Карантинскиот период го искористивме максимално плодно бидејќи не беше баш краток период. Музиката е одличен начин за да се релаксираме, да се опуштиме, а пред се, да направиме некои дела кои што понатака ќе живеат. Еве карантинот заврши, вонредната состојба е при крај. Ние се договоривме на тие четири песни кои што ги работев изминатите неколку месеци, на одбрани локации со одбрана сценографија и статисти да снимиме четири спотови. Инаку, темите се љубовни бидејќи љубовта е вечна, неисцрпна тема за творештво на многу музичари, пејачи, композитори, писатели, уметници и слично.-раскажува Алексовски во интервјуто за ИН ТВ.

Иако е познат како изведувач на народна музика, Влатко овој пат ќе ја изненади јавноста со песна во забавен стил и секако, љубовна тематика.

-Сите ме знаат како фолк пејач, но секогаш на моите настапи во живо преферирам забавен блок, пеам евергрини, хитови, екс ју песни, безвременските хитови кои што никогаш не се забораваат, така да, ја сакам многу и забавната музика, па по сугестија на многу мои блиски пријатели и соработници, дојдов на идеја да испеам една забавна песна и да се испробам и во тие води. Мислам дека одбравме една многу убава љубовна тема за која што слободно можам да кажам дека е нешто досега нечуено, нешто ново. Така да, мислам дека ќе биде забележана од публиката.-додава Влатко, за Естрада плус.

Тој открива дека една од песните ќе биде како “Влатко Алексовски и Скопски боеми”, бидејќи ќе има и соработка со познатиот музичар Цане Петров.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*