“Бум бум” од Гавазова е новиот Балкански фолк хит

Најпопуларната и најактрактивната фолк пејачка во Македонија, Сузана Гавазова го има балканскиот хит, а тоа е песната “Бум Бум”.

Оваа песна Сузана ја пушти во етер на самиот почеток на 2020-та година, а до овој момент истата достигна скоро 5 милиони прегледи само на јутјуб, неколку милиони на facebook, а доста често се емитува на музичките телевизии ширум Македонија, Србија, Босна, Бугарија, Романија и други Балкански држави.

Песната “Бум бум” на Сузана Гавазова потекнува од Струмичко оро, кое подоцна е претворено во песна на ромски јазик која што ја изведува пејачот по име Бернат. Откако оваа песна и се допадна на Гавазова, таа реши “Бум Бум” да добие и македонска верзија, на која што работеше екипа составена од врвни професионалци.

После толку многу години, Македонската народна песна се пробива на Балканскиот пазар, а со тоа расте и рејтингот на нашата најпопуларна фолкерка Сузана Гавазова, која што после промоцијата на песната “Бум бум” од Шведска се пресели во Струмица.

Како што дознава екипата на Естрада плус, после оваа песна за Сузана има преголем интерес за настапи и тоа не само во Македонија, туку и во соседните држави.

Инаку, најтазе од Сузана е песната “Апсолутно мој”, која што ја промовираше пред само неколку денови на нејзиниот лајв концерт, заедно со спот кој го изработи ИН Продукција.

Да потсетиме, Сузана Гавазова е првата фолкерка во Македонија која направи livestream од нејзиниот дом, како и првата фолкерка која организираше фолк дуел. Со еден збор, за неа со сигурност може да кажеме дека е ПРВА ВО СЕ.

Честитки Сузана!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*