Димитар Митревски и Спире Јовановски снимија видеа за новите заеднички ора

Димитар Митревски и Спире Јовановски со нови заеднички ора. Тие за крајот на летото го најавуваат нивниот заеднички албум.

Младиот хармоникаш Димитар Митревски и кларинетистот Спире Јовановски повторно ќе ја изненадат публиката со заеднички дела. Тие во убавиот Охрид, во соработка со ИН Продукција, снимија три видео записи. Станува збор за две нивни нови заеднички ора, како и едно солистичко оро на Димитар.

-Снимањето помина одлично, иако се плашевме за времето како ќе се одвива, меѓутоа помина во најдобар ред. Снимавме на доста добри локации убавиот Охрид, на Градскиот Плоштад, Охридскиот кеј, Канео.-истакна Спире, во интервјуто за ИН ТВ.

Тие велат дека соработката дошла спонтано, народски кажано од “Кафе муабет”, па од едно оро, досега успеале да создадат четири музички дела.

-За да ги комплетираме овие дела ни беше потребно повеќе од една година, кога му се јавив на Спире и му кажав дека имам готово оро да го пробаме и така испадна да снимиме повеќе дела кои ни беа инспирација за цел албум. Ората ги снимивме во студиото Просаунд кај Славко Ристески.-вели Димитар.

Тие за естрадниот магазин Естрада плус откриваат дека работат на уште четири новокомпонирани ора, кои ќе се најдат на нивниот заеднички албум кој што би требало да излезе кон крајот на летниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*