ДаКапо бенд подготвуваат нов музички проект

Членовите на ДаКапо бенд деновиве започнаа да ги одржуваат нивните вообичаени проби. Тие со убава македонска песна ги поздравија гледачите на ИН Телевизија, а воедно го најавуваат и новиот музички проект.

ДаКапо бенд важат за искусни музичари кои се доста барани на семејните прослави низ нашата земја. Иако за изминативе три месеци тие имаа бројни закажани настапи, поради тешката ситуација со коронавирусот и вонредната состојба во нашата земја, беа приморани да ги откажат или одложат сите ангажмани, како и сите останати музичари од македонската естрада.

Иако периодов како и сите граѓани на Македонија, членовите на овој бенд поголемиот дел го поминуваа во нивните домови и ги почитуваа препораките на стручните лица, тие велат дека времето го искористиле максимално за одмор, за нивните семејства, но секако размислувале и за тоа што ќе се случува во следниот период на музички план.

Екипата на естрадниот магазин пред извесен период имаше онлајн интервју со женскиот вокал на бендот, младата и атрактивна пејачка со извонреден глас, Љупка Арсовска која што ни откри дека во најскоро време ќе следува нов музички проект на ДаКапо. Проектот ќе се состои од песни за сечиј вкус, а ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Таа во интервјуто вели дека најмногу од се периодов и недостигаат настапите со нејзините колеги и секако публиката.

Инаку, деновиве тие ни испратија и карантинско видео во кое ја изведуваат познатата песна “Мајко една си на светот”.

Во продолжение уживајте во видеото !

Погледнете како звучи "Мајко една си на светот" во изведба на Ljupka Arsovska i DaCapo Band

Gepostet von INTV am Mittwoch, 27. Mai 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*