Се ожени Александар Стевановски, некогашниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“

Речиси и да не постои некој на нашите простори кој не слушнал за Александар Стевановски поради многу причини.

Една од тие причини се и неколкукратните негови обиди во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што Александар остана можеби еден од најзапаметените натпреварувачи кога се имаше пријавено поради невозвратената љубов. Коментарите и перцепциите на луѓето за начинот на кој што тогаш настапи во „Гранд“ беа различни, но на регионално ниво гледано поддршката доминираше далеку пред негативните коментари.

Од социјалните мрежи дознаваме дека конечно Александар одлучил да стави точка на старото поглавје и да отвори нова страница во животот кој во иднина ќе го минува заеднички со неговата избраничка.

Имено, за потсетување, Александар не е познат само по шоуто „Ѕвездите на Гранд“, тој е познат и како одличен автор и текстописец кој го има напишано и најмодерниот печалбарски хит во изведба на Ѓоко Јовиќ, песната „За Велигден“. Александар пишувал песни за многу музичари, но како најистакнати се појавуваат и песните „Решив дома да се Вратам“ и „Стојне мома на чорбаџи Стојана“ кои ги исполнува токму Ѓоко Јовиќ, неговиот идол.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*