Ангел Стојкоски сними спот за новата печалбарска песна

На повеќе локации низ Струга се сними спотот на Ангел Стојкоски, за неговата најнова печалбарска песна.

Како што ни најави пред скоро време во онлајн интервјуто, Ангел Стојкоски го сними спотот за неговата најнова песна.  Станува збор за песна со печалбарска тематика, за која што текстот го напишаа Ангел и неговиот пријател Љупчо Милошески, а музиката и аранжманот се на маестро Златко Миладиноски.

-Денес направивме една убава приказна и се надеваме дека испадна добро. Благодарност до сите кои што беа вклучени и помогнаа да се реализира овој проект. Во песната мислам дека ќе се пронајдат многу луѓе, сите оние кои што сакаат да се вратат во Македонија. Печалбарска песна затоа што досега немав таква, ми дојде некоја инспирација да пишувам и се одлучив да направам таква приказна.-истакна Ангел во интервјуто за ИН ТВ.

Неговите очекувања се песната да биде добро прифатена од јавноста, особено од сите наши македонци кои што живеат далеку од родната земја.

Спотот кој е во соработка со ИН Продукција, се очекува да биде промовиран деновиве на сателитската ИН Телевизија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*