Туше и Цаки Кисми со одличен фолк дуел

Одличен музички дуел во петокот вечерта одржаа познатите фолк пејачи Благојче Стојановски Туше и Цаки Кисми. 

Тие ги отпеаа нивните големи хитови “Прашај ги свирачите”, “Штом тебе те видов јас се заљубив”, “Ех што љубам едно девојче”, “Жумате”, “Милионерче”, “За тие очи плави”, “На свадбата твоја”, “Две очи расплакани”, но секако по желба на нивните бројни фанови беа изведени и стари македонски песни, како и нумери од нивните колеги.

Секако, овој концерт беше со цел да се развеселат сите оние лица кои што периодов се наоѓаат во нивните домови поради вонредната состојба во нашата земја, која се надеваме дека ќе заврши во најскоро време.

Туше и Цаки беа придружувани од одлични музичари. Мендо Ташкоски, Димитар Настески беа тимот на Благојче, а Сашо беше поддршка на Цаки.

Концертот беше пренесуван во живо на сателитската ИН Телевизија.

Caki Kismi & Tushe – Livestream.mk / INTV AU

Во живо Фолк Дуел со Цаки Кисми и Туше, коментирајте, нарачувајте песни и споделувајте. Уживајтеwww.livestream.mk / INTV Au

Gepostet von INTV am Freitag, 22. Mai 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*