(ВИДЕО) Новиот хит на Сузана Гавазова е пуштен во етер

За време на концертот кој поради вонредната состојба се одржува секоја сабота во живо од нејзиниот дом, Сузана Гавазова подготви доста изненадувања за гледачите. Она што остави голем впечаток и предизвика бројни позитивни реакции кај нејзините фанови е промоцијата на спотот за најновата песна, “Апсолутно мој”.

Во саботата вечерта, за време на полицискиот час, фолк пејачката Сузана Гавазова повторно ги забавуваше своите фанови и јавноста со мини концерт од нејзиниот дом, но овојпат со многу побогата програма и бројни изненадувања за гледачите кои ја следеа преку фејсбук, јутјуб и во живо на сателитската ИН Телевизија.

Нејзини гости беа светски познатиот Џамбо Агушев, пејачката Билјана Димова од група Астрион и нејзината ќерка Сања која поседува извонредни вокални способности.

Но, најголемо изненадување вечерта беше промоцијата на спотот за нејзината најнова песна која носи наслов “Апсолутно мој”, а кој се работеше во текот на изминатите неколку денови во соработка со ИН Продукција.

Во спотот како статисти се појавуваат познатиот модел Кристина Димитри и Дарко, кои одлично ја завршија својата работа.  Сузана одлучи во видеото да бидат двете ќерки Емели и Селена, како и нејзината мајка.

-Најголемото изненадување е нов спот за кој навистина бевме многу вредни сите. За два дена го снимивме и го монтиравме, а за тоа се секогаш најзаслужни нашата екипа на ИН Продукција. Навистина беа вредни, креативни, амбициозни и сите пофални зборови можам да ги кажам за нив. Сакам да ги поздравам сите кои што работеа на овој проект за Апсолутно мој. Текстот е на Орце Зафировски, Музиката е на познатиот пејач од Романија, Богдан Делаплоиести, аранжманот е на Минтас Минти од Струмица, се миксаше во Београд. Свиреа најдобрите музичари, Сандрито Даниелов од Бугарија и Амза Таиров од Виница. Се снимаше во Ќустендил, Виница, Скопје, Струмица.-истакна Сузана, за гледачите на ИН ТВ.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*