Дрим Тим одржаа прекрасен концерт на отворено во Кавадарци

По примерот на голем број музичари од македонската естрада, онлајн концерт одржаа и момците од групата Дрим Тим.

Но, за да бидат поразлични тие во соработка со Општина Кавадарци одлучија концертот да се одржи на отворено. Иако, без публика во живо, концертот беше вистинско уживање за сите нивни фанови кои што ги следеа на нивните фан страни на фејсбук, на јутјуб и секако на сателитската ИН Телевизија.

Инаку, концертот беше одржан по повод празникот Св. Кирил и Методиј.

Од Дрим Тим се надеваат дека во најскоро време ќе заврши пандемијата од коронавирусот, па со нивните фанови и пријатели ќе можат да се дружат низ рестораните и на семејните прослави.

Live Drim Tim Kavadarci

Во живо од Кавадарци, Група ДРИМ ТИМ

Gepostet von INTV am Montag, 25. Mai 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*