Дрим Тим утревечер во 19:30 часот со концерт во живо на ИН ТВ

Концерт во живо, утревечер со почеток од 19 часот и 30 минути, ќе одржат момците од групата Дрим Тим. Бидете онлајн на фејсбук, јутјуб, како и на сателитската ИН ТВ.

По повод празникот Св. Кирил и Методиј, групата Дрим Тим ќе одржи онлајн концерт, во понеделник ( 25 мај ) со почеток од 19:30 часот.

Во време нa пандемија одлучивме овие денови во кои сите чувствуваме и реагираме различно, да ви овозможиме lifestreaming концерт. Сите заедно да се вклучиме во 19:30 часот и најважното, да уживаме.-велат од Дрим Тим.

Концертот ќе може да го следите на нивните фан страни на фејсбук, јутјуб, а истиот ќе биде пренесуван во живо на сателитската ИН Телевизија.

Групата Дрим Тим livestreaming концертот го организира во соработка со Општина Кавадарци.

Драги наши, останете во вашите домови и уживајте во уште една поразлична вечер со Дрим Тим и нашите безвременски македонски хитови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*