Интервал бенд подготвуваат свадбарска песна

Како што претходно ве информиравме, македонската музичка сцена отсега е побогата за уште бенд.

Станува збор за Мартин Стојаноски и неговиот Интервал бенд кој се состои од пет искусни музичари. Тие деновиве ја најавуваат нивната прва авторска песна, која што ќе биде промовирана во најскоро време.

-Да веќе си имам свој бенд. Идејата за да се оформи беше од сите членови. Бендот се состои од пет членови, од кои јас Мартин како вокал, Мирослав Ѓорѓиоски – Тапани, Антонио Стојчески – Саксофон, кларинет, Горан Цветаноски – Клавијатура. Александар Трајкоски – Клавијатура.

Па да, веќе подготвуваме авторска песна, станува збор за свадбарска песна, преубава песна за која што се надевам дека сите гледачи ќе ја прифатат убаво.-истакна Мартин, за естрадниот магазин Естрада плус.

А покрај свадбарската песна, Мартин во онлајн интервјуто за ИН ТВ најави и видео проект со добро одбрана музика за сечиј вкус.

-Покрај авторска песна, не запираме. Следно за Интервал бенд ќе биди еден голем музички проект за кој се надеваме дека ќе испадне како што треба.-открива пејачот.

Како и повеќето музичари од македонската естрада, така и Интервал бенд, периодот на изолација го искористија да снимат неколку карантински видеа. Истите беа објавени на фејсбук страната на ИН ТВ, па Мартин и Интервал бенд добија одлични коментари за нивната изведба, а видеата имаа доста гледаност.

-Можам да кажам дека вежбаме секој ден и досега имаме објавено две песни, благодарение на ИН ТВ кои видеата ги постираа на нивниот фејсбук профил, навистина им благодариме. Не застануваме тука, ќе продолжиме и понатаму.

Инаку, Мартин е добро познат на јавноста по бројните настапи на семејни прослави и низ локалите во Македонија, особено во Прилепскиот крај од каде што и потекнува.

-Ова е тежок период, не само за мене туку и за сите музичари затоа што беа откажани многу настапи или се одложуваат за други датуми, но да се надеваме на најдоброто за сите нас.-додава Мартин, за Естрада плус.

Вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот ги погоди сите музичари, но да се надеваме дека во најскоро време ќе помине и овој тежок период за сите нас.

Interval band-Se mi zemas zivote

Интервал бенд во живо ја изведуваат песната "Се ми земаш животе"…Уживајте ! 🎶🎶

Gepostet von INTV am Samstag, 16. Mai 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*