Која од нив е поопасна? Дали шкорпија или стрелец?

Изминатиот викенд, фолк пејачката Елена Велевска беше специјален гостин на мини концертот на Сузана Гавазова, кој што таа редовно го одржува во нејзиниот дом во Струмица.

Во јавноста веќе долги години се шпекулираше дека двете фолк диви не се во добри односи, па со оглед на тоа, нивните фанови и публиката очекуваа дека ќе има бокс меч помеѓу пејачките.

Иако беше одлична вечер, во која Сузана и Елена пееја за гледачите, ги менуваа своите песни и се забавуваа, во еден момент и навистина ќе дојдеше до двобој, откако двете ги открија хороскопските знаци. Еве дел од нивниот разговор.

-Дали знаеш дека ние важиме за едни од најопасните зверки? За вечерва мислам дека се подготвуваа да гледаат двобој, односно мислеа дека ќе се тепаме овде нешто ќе се боксуваме, но видете драги луѓе колку се сакаме и колку се почитуваме.-истакна Сузана.

-Не знам што да кажам, дека сме опасни, навистина сме и оној кој што сака да има работа со нас навистина ќе има тешка работа. Ајде да не се фалиме, но во случајов јас сум и поопасна од тебе бидејќи сум шкорпија, отровна. –вели Елена.

-Но јас, сум стрелец, открива Сузана. Добро стрелам, да знаете.-додаде таа.

Вам ќе ви оставиме сами да одлучите која од нив двете е поопасна зверка !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*