Анета Молика во обиколка на Битолските убавини

За време на пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба во нашата земја, сите ние наоѓаме начин да се рекреираме. Многумина за време на овој период спортуваат, некои вежбаат по дома, некои пешачат, трчаат или практикуваат јога вежби.

Со оглед на тоа што сите настапи и турнеи на македонски музичари се откажани или одложени, тие сега имаат повеќе слободно време. Периодов тие се наоѓаат во своите домови, времето го поминуваат со нивните најблиски и може да го прават сето она за кое што претходно немале доволно време. Повеќето од нив, секако наоѓаат начини за физички да ја одржуваат нивната кондиција.

И една од најпознатите македонски пејачки,  Анета Мицевска може да се стави на листата на оние кои ја одржуваат својата физичка активност.

Таа деновиве возеше велосипед, а нејзина релација беше селото Брусник во Битола.

Пејачката на социјалните мрежи сподели фотографии од нејзиното рекреирање, но го сподели и убавиот и зеленикав поглед од Дихово, а друштво и правеше сопругот Џими.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*