Ташко Каранфиловски со бројни импресии од Австралиската турнеја

Пред извесен период, фолк пејачот Ташко Каранфиловски ја оствари првата Австралиска турнеја.

Тој не го криеше задоволството од ова патување, а за естрадниот магазин Естрада плус, раскажува за дел од неговите импресии од Австралија, концертите, како и дружбата со нашите Македонци таму.

-Навистина не можам да го опишам чувството за тоа како поминав во Австралија, за првпат бев на турнеја таму. Поминавме одлично, имав прекрасна дружба со екипата на ИН ТВ со кои сме големи соработници и никогаш не би ја оставил таа прекрасна екипа која за сите нас пејачите е достапна во секој момент. Австралија поминавме преубаво, остваривме неколку концерти и настапи, а најбитно од се ми беше тоа што публиката беше задоволна од мене бидејќи за првпат бев таму. Имав можност да се запознаам со доста многу луѓе кои ги сретнав за првпат и кои ми оставија одличен впечаток и ќе ги паметам цел мој живот.-вели Ташко за Естрада плус.

Тој вели дека е навистина среќен што имаше ваква можност, да пее кај нашите македонци во Австралија, но и да соработува со голем број македонски музичари таму.

-Во Австралија останав точно два месеци, одржав четири големи концерти во Сиднеј каде што имав можност да се запознаам со групата Деспина и да направам голем концерт. Одржав и еден концерт со оркестар Маестрал, потоа во Волонгонг учествував на настанот од ИН ТВ, каде што ги избираа најуспешните лица таму. Имав и неколку фамилијарни веселби во Сиднеј, настапував и во некои локали каде што бев многу добро пречекан, потоа заминав за Мелбурн. Направивме неколку свирки заедно со мојот кум Туше.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Ташко вели дека веднаш добил понуди да пее на неколку свадби, како и на настани кои ги организира Симе Бричот, но поради пандемијата со коронавирусот која што го зафати целиот свет, сите настапи се откажани.

Тој се надева за дочекот на Новата 2021 година ќе има можност повторно да биде во Австралија, бидејќи веќе има и понуда.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*