Дани Тик Так раскажува за деновите во изолација

Дани Тик Так во рубриката #карантин дома, открива како за неа поминуваат деновите во изолација и овој период на вонредна состојба.

Даниела од групата Тик Так за естрадниот магазин Естрада плус раскажува како периодов се справува со вонредната состојба поради коронавирусот и како поминува еден обичен ден за неа.

-Да бидеме реални и не дека нема што да се прави во ова време на изолација. Секако дека има, барем јас имам што да правам. Секој си има некоја своја занимација или свое хоби на кое претходно не можел да се посвети, јас покрај основното слушање и учење музика, односно учење нови песни, знам да изгледам голем број филмови, можеби понекогаш и да прочитам некоја книга, друштвени игри со моите. Така да, времето ми е прилично исполнето.-изјави Дани, за гледачите на ИН ТВ.

Дани често знае да објави карантинско видео, со цел да ги развесели нејзините фанови и пријатели на социјалните мрежи. Таа открива што најмногу и недостига периодов.

-Дефинитивно музиката. Мене лично најмногу ми фали работата, ми фалат настапите, ми фали публиката, нивниот аплауз, нивната желба за музика. Моето давање се од себе за тие да бидат расположени, сето тоа навистина ми недостига во овие времиња, но ајде да се надеваме дека за многу брзо сето ова ќе заврши.-вели таа.

Се разбира дека во иднина ќе следат подобри денови, а ние ќе ги оствариме сите работи кои што ни недостигале во целата оваа ситуација. Еве што Дани ќе направи откако ќе заврши вонредната состојба.

-Уф, па има доста работи кои што се на листата на чекање после оваа вонредна состојба што би ги направила. Но, еве една ќе издвојам…Нека заврши ова па така една вечер убаво да си се собериме друштво, мезе, ракивче што би се рекло, добра музика. Тоа ми недостига и тоа прво ќе го направам откако ќе заврши сето ова.-додава Дани за Естрада плус.

Инаку, Даниела и Тик Так пред само краток период го промовираа нивниот прв официјален спот за песната Нула, кој го изработи ИН Продукција. Тие за следниот период најавуваат неколку нови песни.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*