“Вечна да е Македонија” одлично прифатена од Македонците ширум светот

“Вечна да е Македонија” од Игор Андреевски е одлично прифатена од јавноста, особено од македонците кои живеат во различни краеви низ светот. Игор е горд македонец, кој се труди да ја продолжи македонската традиција.

Игор Андреевски пред извесно време го промовираше спотот за песната посветена на нашата земја “Вечна да е Македонија”. Автор на музиката и текстот на песната е Игор, аранжманот го направи Златко Миладиноски, а песната е снимена во студиото на Љупчо Павловски.

Еве што истакна Игор при неодамнешно интервју за ИН ТВ.

-Приказната кажува за еден млад човек кој ја чувствува таа љубов кон татковината Македонија и таа приказна ја опејувам јас. Ќе имаат можност да ја слушнат сите, која што од далечна земја ја пеам за Македонија и ќе имаат прилика да ја осетат таа енергија што ја има оваа песна која мислам дека ја донесов како што треба бидејќи чувствував дека има потреба. Песната се случи спонтано и ја направив со љубов, па сега ќе оставиме на гледачите да ја слушнат и да одлучат дали ќе им се допадне песната.

Андреевски е презадоволен од крајниот резултат на проектот кој го подготвуваше неколку месеци, а песната е одлично прифатена не само во Македонија, туку и кај македонците кои живеат надвор од нашите граници.

Игор важи за млад и горд македонец кој што сака да ја продолжи македонска традиција и да го зачува аманетот кој што ни го оставиле нашите предци.

-Сите кои што се чувствуваат како Македонци мислам дека ќе ја почувствуваат песната и ќе ја доживеат онака како што треба и мислам дека ќе биде прифатена не само кај нас во Македонија туку и насекаде низ светот каде што има Македонци.-додава Игор, за естрадниот магазин.

Младиот пејач зад себе има неколку авторски песни, а ова е втор негов официјален спот после видеото за песната “Спомени”, кој истотака го работеше ИН Продукција.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*