На повидок машки фолк дуел : Туше и Цаки Кисми викендов ќе пеат за нивните фанови

За време на претстојниот викенд, повторно ќе се одржи голем музички дуел.  

Овој пат ќе имате можност да уживате и да се забавувате со големите хитовски рефрени на едни од најбараните фолк пејачи на македонската естрада, Благојче Стојановски Туше и Цаки КисМи.

Како што информираа пејачите за естрадниот магазин Естрада плус, во саботната вечер специјално за нивните обожаватели и сите кои што ќе го следат нивниот концерт во живо, на нивниот репертоар ќе има од нивните песни, “Прашај ги свирачите”, “Штом тебе те видов јас се заљубив”, “Ех што љубам едно девојче”, “Жумате”, “Милионерче”, “За тие очи плави”, “На свадбата твоја”, “Две очи расплакани”, но секако дека ќе бидат отпеани и други македонски песни.

Настанот е со цел да ги развеселат сите оние кои што периодов задолжително остануваат во нивните домови поради состојбата со коронавирусот.

Нивната средба е закажана за 23-ти мај, сабота, со почеток од 20 часот.

Инаку, концертот на Туше и Цаки Кисми ќе може да го следите на нивните фан страни на фејсбук, а истиот ќе биде пренесуван во живо на сателитската ИН Телевизија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*